При знак за запирање, од возилото фрлил неколку ќесиња со марихуана, уапсен 35-годишник од радовишко

При-знак-за-запирање-од-возилото-фрлил-неколку-ќесиња-со.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во 18.00 часот на регионален пат Радовиш – село Воиславци, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода 35-годишниот Е.Г. од село Бучим, радовишко, извести МВР.


– При знак за запирање, даден од полициските службеници, тој од возилото „форд“ со радовишки регистарски ознаки, кое го управувал, фрлил неколку ќесиња со марихуана, кои биле пронајдени и одземени. Лицето било задржано во Полициската станица Радовиш и за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK