Јувентус веќе ја „замрзнаа“ платата на Пол Погба и ќе заштедат околу 30 милиони евра ако Французинот биде прогласен виновен за допинг, по што ќе му го раскинат договорот, тврди „Ла газета дело спорт“.
Погба беше условно суспендиран во понеделникот по позитивниот тест на тестостеро на 20 август по мечот Удинезе-Јувентус, кој го помина на клупата, и според „Газета“, Јуве му ја замрзнале платата и тој нема да може да тренира. Ако дополнителните тестови покажат повторно позитивни тестови, а спортски суд го осуди Погба, Јуве ќе му го раскинат договорот од 8 милиони евра годишно без легални последици.
Погба одигра само 213 минути од враќањето во Торино летото 2022 година, што значи дека Јувентус му плаќаа по 40.000 евра за секоја минута на теренот. Тој има договор до јули 2026 година.