Полскиот премиер Матеуш Моравјецки изјави денеска дека неговата земја нема да ги отвори границите за увоз на украинско жито, без оглед на одлуката на Европската комисија оваа недела.
Увозот на украински житарки, вклучително и пченица и пченка, е забранет на територијата на пет членки на источна Европската унија – вклучувајќи ги Полска, Унгарија и Романија, врз основа на договорот постигнат со Брисел на почетокот на годината.
Низ нивната територија е дозволен транзит на жито, а овој договор истекува во петок, па Европската комисија треба да одлучи дали ќе го прекине и ќе го продолжи неговото времетраење, пишува порталот Политико.
Полска нема да дозволи да бидеме преплавени со украинско жито. Каква и да е одлуката на бриселските власти, ние нема да ги отвориме границите, порача Моравиецки на социјалната мрежа Х.