Најмалку 27 лица се прогласени за загинати денеска на истокот на Либија, како последица на големите поплави предизвикани од силната бура Даниел, која претходно опустоши делови од Грција, за време на викендот.
Во Либија градот Дерне е прогласен за зона на катастрофа, од каде се уште се очекуваат податоци за жртвите.
Невозможен е пристап до градот Дерна, кој беше најтешко погоден, а локалните медиуми јавуваат дека таму нема струја и комуникации.
Министерот за здравство на владата што управува со источниот дел на Либија, Отман Абдулџалил, додаде дека повеќе од 50 лица се водат како исчезнати во поплавите.
Се очекува бурата Даниел денеска да стигне до западен Египет.