Фернандо Сантош повеќе не е селектор на фудбалската репрезентација на Полска. Португалецот доби отказ по поразот во Тирана, од Албанија (2:0).
Полска има минимални шанси да избори пласман на Европското првество во Германија наредното лето. По пет одиграни натпревари во Е-групата, Полјаците се претпоследни со шест бода.
Лидер во групата е Алабија со 10 бода, Чешка и Молдавија досега освоија по осум поени, со напомена дека Чесите имаат одиграно еден натпревар помалку од конкурентите.
Фудбалскиот сојуз на Полска по само осум месеци реши да го отпушти Сантош. Европскиот првак со Португалија во 2016 година, Полска ја предводеше во шест натпревари, забележа три победи и исто толку порази.