Климатски протести во Холандија: уапсени над 500 активисти, 10.000 блокираа автопат

Климатски-протести-во-Холандија-уапсени-над-500-активисти-10000-блокираа.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Холандската полиција денеска соопшти дека повеќе од 500 климатски активисти биле уапсени за време на вториот ден од протестите против владините субвенции за индустријата за фосилни горива.



Стотици демонстранти маршираа по автопатот А12 во Хаг околу пладне, игнорирајќи ги предупредувањата на властите да не го прават тоа и блокирајќи ја главната сообраќајна артерија, објави Ројтерс.

Во саботата беа уапсени околу 2.400 демонстранти, а околу 10.000 активисти го блокираа истиот автопат неколку часа.

Организаторот на настанот Extinction Rebellion најави дека демонстрантите ќе се обидуваат да го блокираат автопатот секој ден додека холандската влада не престане да користи јавни средства за субвенционирање на нафтената и гасната индустрија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK