Триесет и четиригодишна жена нападнала малолетник на Бит Пазар, а случајот го пријавил таткото во полицијата.
„А.И.(49) од Скопје пријавил дека околу 16.40 часот на подрачјето на Бит Пазар неговиот малолетен син бил физички нападнат од 34-годишната Р.Х. од Скопје“, објави МВР.
Се работи на расчистување на случајот.