Бројот на загинати во земјотресот во Мароко се зголеми од 1.037 на 1.305, соопшти Министерството за внатрешни работи на земјата.
Вкупно 1.832 лица се повредени – во споредба со 1.204 пријавени претходно денеска. Околу 1.220 од нив се во критична состојба.
Француски државјанин е идентификуван како еден од загинатите, потврди претставник на Министерството за надворешни работи.
Експертите предвидуваа дека бројот на загинати ќе продолжи да расте бидејќи спасувачите стигнаа до тешко погодените оддалечени области и потрагата продолжува.