Очај и страв владеат денес во Мароко откако земјата беше погодена од катастрофален земјотрес, во кој засега загинаа над 1.300 лица, а повредени се 1.800.
Луѓето спијат на улиците, дел останаа без своите огништа, други ги оплакуваат блиските што ги загубија, додека некои, пак, се надеваат дека нивните роднини и пријатели кои останаа под урнатините ќе бидат спасени.
Земјата е во целосен шок, светските агенции пренесуваат потресни сведоштва.
Двајца македонски државјани кои биле во Мароко се евакуирани на безбедно и се во добра здравствена состојба, објави МНР.
Атмосферата по земјотресот најдобро ја опишуваат фотографиите во прилог:
Луѓе спијат на улица во Маракеш/ Фото: АФП
Урнатини во Маракеш/ Фото: Анадолија
Автомобил уништен од урнатини/ Фото: Ројтерс
Жена гледа кон разурната куќа во Маракеш/ Фото: АФП
Луѓе спијат на улица/ Фото: АФП
Маж гледа кон уништена градба/ Фото: АФП
Поглед кон разурнатиот историски Маракеш/ Фото: Ројтерс
Жена гледа кон урнатините/ Фото: СЕНА/АФП
Жена вознемирена стои пред нејзината куќа разурната од земјотресот/ Фото: АФП
Спасувачи во Маракеш/ Фото: Ројтерс
Спасувачка операција/ Фото: АФП
Момче шета врз урнатините во Маракеш: Фото: АФП
Луѓе плачат над телата на жртви од земјотресот/ Фото: АФП
Разурната куќа/ Фото: Ројтерс