Две промени во шпанската репрезентација

Две-промени-во-шпанската-репрезентација.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Селекторот на Шпанија Луис Де Ла Фуенте ги повика Феран Торес и Jeреми Пино да ги заменат повредените Марко Асенсио и Дани Олмо.


Тие ќе бидат новите лица за дуелот меѓу Шпанија и Кипар во квалификациите за ЕП.

Асенсио и Олмо се повредија на дуелот против Грузија, во кој Шпанија победи на гостински терен со 7:1.

Фудбалерот на Пари Сен Жермен Асенсио заработи повреда на стапалото, додека Олмо од Лајпциг беше погоден во коленото.

Шпанскиот фудбалски сојуз денеска преку соопштение истакна дека „по соодветните лекарски прегледи“ е одлучено двајцата напаѓачи да го пропуштат дуелот против Кипар.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK