Полицискиот билтен е полн со насилни сцени кои низ територијата на Македонија се одвивале во текот на вчерашниот ден и за време на ноќта.
Денот беше неработен по повод државниот празник 8 Септември.
„На 08.09.2023 во 18.30 часот на подрачје на Кисела Вода полициски службеници го лишиле од слобода А.Ѓ.(22) од Скопје, постапувајќи по пријава според која околу 18.00 часот во продавница на подрачјето на Кисела Вода, по претходна расправија, тој физички ги нападнал К.Ц.(18) и двајца малолетници, сите од скопско, а потоа агресивно се однесувал и физички нападнал полициски службеник кој вршел службени дејствија. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“.
„На 09.09.2023 во 01,02 часот во Полициска станица Крушево е пријавено дека во угостителски објект во Крушево, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу З.С., Д.Т., Н.С. и Д.Ц.. По целосно расчистување на случајот ќе следуваат поднесоци“.
„На 09.09.2023 околу 01.20 часот на локален пат село Марино – населба Илинден, Скопје од полициски службенци е лишен од слобода Б.Т.(27) од Скопје, затоа што физички нападнал полициски службеник кој вршел службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“.
„На 08.09.2023 во 15.40 часот во Полициска станица Гази Баба, Џ.А.(26) од Скопје пријавил дека во 15.20 часот на подрачјето на Гази Баба бил физички нападнат со тврд предмет од неговиот сосед А.М.(39) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
„На 08.09.2023 во 22.00 часот во Полициска станица Карпош, Х.С.(39) од Скопје пријавил дека околу 19.25 часот во близина на амбуланта на подрачје на Карпош неговиот малолетен син бил физички нападнат од С.С.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
„На 09.09.2023 во 02.30 часот во Полициско одделение Македонска Каменица е пријавено дека околу 01.30 часот во Македонска Каменица, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Р.Ј.(23) и О.В.(24), двајцата од Македонска Каменица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
„На 08.09.2023 во Полициска станица Гевгелија А.Р.(44) од Струмица пријавил дека околу 05.40 часот, додека бил на работа во фабрика во Гевгелија, неговиот малолетен син кој бил со него бил физички нападнат од И.А. и уште три лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
„На 08.09.2023 во 22.05 часот во СВР Скопје е пријавено дека во Поликлиника Ѓорче Петров бил донесен повреден О.Н.(26) од село Крушопек, скопско. Спроед пријавеното, во угостителски објект во село Крушопек, по претходна расправија, тој бил нападнат со остар предмет од Б.С.. Се работи на расчистување на случајот“.
„На 08.09.2023 во 19.30 часот во СВР Битола, Џ.М.(33) од Битола пријавила дека на 07.09.2023 околу 12.00 часот во нејзиниот дом во Битола едно лице агресивно се однесувало и упатувало закани кон нејзе и кон нејзината малолетна ќерка, по што и физички ја нападнало ќерка ѝ. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
„Денеска (09.09.2023) околу 04.00 часот во СВР Велес, А.А.(29) од Велес пријавил дека во угостителски објект во Велес, по претходна расправија, бил физички нападнат со тврди предмети од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
„Денеска (09.09.2023) во 00.10 часот во СВР Тетово, Е.Ш.(54) од Тетово пријавила дека на 08.09.2023 околу 19.15 часот во Тетово, по претходно недоразбирање, била физички нападната од Ш.Ш. и А.Ш. (женско лице) од Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
„Ноќва (09.09.2023) во 00.45 часот во Полициска станица Кавадарци е пријавено дека на Градскиот плоштад во Кавадарци бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Р.К.(18) од Скопје и А.Ѓ.(31) од с.Ваташа, кавадаречко. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.