„Овие 32 години независност ја потврдија исправноста на државничките политики, покажаа дека тешките одлуки денес значат подобра иднина утре.
Во текот на 32 години како суверена, независна и демократска држава, беа надминати бројни предизвици и премрежија, но со решителноста на сите граѓани за слободна, напредна и економски развиена татковина, рамо до рамо со европските народи, успеавме на трнливиот пат.
Суштинското значење на државничките одлуки го дава денешната реалност, Македонија е меѓународно признаена држава, слободна и суверена, со обезбедени граници, со признаен македонски јазик и идентитет, со развојна економија, повисоки плати и пензии, успешна мултиетничка демократија, членка на НАТО и на патот кон Европската Унија.
Исправноста на одлуката за членство во ЕУ исто така ќе биде потврдена. Тоа е одлука за подобра иднина и подобар животен стандард со европски вредности.
Секој што добро им мисли на граѓаните и на татковината ќе ја поддржи одлуката за продолжување на европскиот пат“.
Соопштение на СДСМ