„Власта 8-ми Септември го помина без да го спомне името Македонија, се срами ли Ковачевски од државата?
Ниту во логото, ниту во официјалните материјали на власта за 8-ми Септември не се најде името Македонија.
Власта како да се срами од сопствената држава.
СДС ја релативизира независноста и се повеќе бега од чествување на националните празници.
Од односот на СДС кон 8-ми Септември не е чудно зошто тргуваат со сите претходни национално важни датуми и моменти.
СДС недостојно се однесуваат кон државата, потребни се промени и враќање на гордоста и достоинството на Македонија“.
Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ