Двајца прилепчани, татко и син синоќа загинаа во пожар што избувнал во нивниот семеен дом на улицата „Цане Илиоски број 87а“ во Прилеп. Пожарот во надлежните служби бил синоќа пријавен околу 21,45 часот.
Едниот прилепчанец бил затекнат во дневната просторија и целосно изгорен, а другиот во претсобјето и се задушил.
Пожарот е изгаснат и е спречено да се прошири на другиот кат и на соседните куќи.
Увид на местото на пожарот направија полицијата и основен јавен обвинител. Се врши истрага за да се откријат причините за пожарот и трагедијата. На лице место беше и екипата на службата за Итна помош која ја констатирала смртта на двајцата прилепчани.