Кремљ: Загрижени сме поради американско-ерменската воена вежба

peskov
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кремљ е загрижен поради плановите на Ерменија да одржи заеднички вежби со Соединетите Американски Држави, особено во овој момент кога односите меѓу Москва и Ереван се во криза, изјави портпаролот на претседателот Дмитриј Песков, пренесува „РИА Новости“.

Москва длабоко ќе ги анализира овие вести и ќе продолжи да ја следи ситуацијата, додаде тој.


Министерството за одбрана на Ерменија соопшти дека од 11 до 20 септември ерменските мировници заедно со американските единици ќе ги изведат вежбите „Орел партнер 2023“. Главната цел на маневрот е зголемување на интероперабилноста и размена на искуства.

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан минатата недела во интервју за италијанскиот весник „Република“ изјави дека Русија ја повлекува својата мисија од Јужен Кавказ, бидејќи руските мировници наводно не ги исполнуваат своите задачи.

Коментирајќи ја ситуацијата, Песков истакна дека Москва постојано игра важна улога во стабилизирањето на ситуацијата во регионот и нема да ги прекине своите активности.

Од декември 2005 година, функционира индивидуален план за партнерство помеѓу Ерменија и земјите на НАТО. Ова вклучува периодични консултации за регионална безбедност, развој на безбедносна стратегија и воена доктрина за Ерменија.

Што се однесува до Сирија, Русија останува доследна да му помогне на сириското раководство да го врати редот во земјата, почитувајќи ги договорите од Сочи, иако, за жал, не сите досега се спроведени, додаде Песков.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK