Во гостиварската болница донесен државјанин на Албанија, се повредил при сеча на шума

brza-pomosh-5.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера попладне во 12.30 часот во СВР Тетово, од гостиварската општа болница „Ферид Мурад“ било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен 31-годишниот Г.Ч. од Република Албанија, извести МВР.


– Според пријавеното, тој се здобил со повредите при сеча на шума со уште едно лице од Република Албанија и Р.М.(39) од гостиварско Дебреше. Подоцна, во врска со настанот во полициска станица бил приведен и задржан Р.М., соопшти МВР.

По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK