Денес од 14 до 15 часот во ЦУК ќе се одржи седница на Главниот штаб за управување со кризи на која ќе бидат разгледани кризната состојба во КПУ Идризово и т.н. „Мигрантска“ кризна состојба на јужната и северната граница.
На нивно барање покана за присуство добија и претставник на Народниот правобранител како и претставник на Македонско здружение на млади правници.
Главниот штаб за управување со кризи е оперативно стручно тело, кое раководи со активностите за превенција и справување со кризни ситуации.
Главниот штаб го сочинуваат претставници на министерствата за внатрешни работи, одбрана, здравство, транспорт и врски и надворешни работи.
Членови на штабот се и раководителот на итната медицинска помош во Скопје, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, како и претставници на Армијата, Агенцијата за разузнавање, АНБ,
Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации и Црвениот крст на РС Македонија. Директорот на Центарот за управување ос кризи раководи со Главниот штаб.