Три лица, двајца Руси и еден Французин, утринава се спасени од катамаран во Коралното Море во близина на североисточниот брег на Австралија, откако бродот бил оштетен во неколку напади на ајкула, соопштија властите.
Сателитски фотографии и видео од австралиската управа за поморска безбедност (АМСА) покажаа дека голем дел од пловилото е откорнат , објави „Ројтерс“.
АМСА соопшти дека спасувачките екипи одговориле на повикот за помош рано утринава од деветметарскиот катамаран кога бродот се наоѓал на околу 835 километри југоисточно од Кернс во Коралното Море.
Тројцата патници треба да пристигнат во Бризбејн во четврток, соопшти АМСА.