Разбојништво во маркет во Скопје: крадецот и’ извадил нож на касиерката, таа се обидела да го затвори во продавницата

Разбојништво-во-маркет-во-Скопје-крадецот-и-извадил-нож-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 47-годишник за кого постои основано сомневање дека сторил кривично дело – Разбојништво.



На 4 септември, осомничениот влегол во маркет на булеварот „АСНОМ“ и веднаш се упатил во просторот кај касата и ја отворил. Сопственичката на продавницата, која работела и како продавач, му се спротивставила, но тој извадил нож со кој и се заканил, ја оттурнал и од касата одзел 16.300 денари колку што имало во тој момент.

Оштетената во меѓувреме излегла од продавницата и ја затворила вратата, обидувајќи се да го задржи во продавницата, но тој со сила ја турнал вратата, успеал да ја отвори и избегал од местото.

Бидејќи се исполнети законските услови, односно постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и кои го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе го повтори кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK