Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на иницијативата „Подобро за Тетово“.
На средбата претставниците на иницијативата пред претседателот Пендаровски ги претставија своите тековни активности.
Претставниците на иницијативата ги истакнаа своите барања за побрзо институционално разрешување на случаите со автобуската несреќа кај Ласкарци во 2019, случајот со пожарот во модуларната болница во Тетово и автобуската несреќа во Бугарија во 2021 година и последните случувања на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија.
На средбата претседателот Пендаровски ја нагласи важноста на почитување на приципот на владеење на правото, во насока на изградба на функционална правна држава. Пендаровски упати апел до надлежните институции за целосно, брзо и ефикасно расчистување на сите случаи и неселективна и праведна казна за одговорните.