Сибирска тигрица Надја која беше еден од најстарите тигри во Европа угина во скопската зоолошка градина.
Од ЗОО Скопје објавија дека тигрицата угинала од старот во текот на вчерашниот ден, односно по 21 година живот.
Надја во скопската Зоолошка градина пристигна од Будимпешта во 2010 година, кога имаше осум години, а во Скопје ЗОО живееше заедно со својата ќерка Ана.
„Ќе ја паметиме по нејзината грациозност, секогаш љубопитна за игра, долгите капења во базенот, како и по љубовта која ја имаше кон своите зоонегуватели кои во последните денови од нејзиниот живот направија се да и биде полесно, со оглед на длабоката старост која ја доживеа. Надја, многу ќе ни недостасуваш“, велат од ЗОО Скопје.
Овој вид крупни ѕверови -тигри во просек живеат околу 10-12 години во дивина, а од 16-18 години во зоолошките градини.