Ван Гал е убеден дека СП било наместено за да го освои Меси

Ван-Гал-е-убеден-дека-СП-било-наместено-за-да.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Трофејниот тренер Луис ван Гал тврди дека минатогодишниот резултат на Светското првенство во Катар бил осмислен да му помогне на Лионел Меси конечно да го освои трофејот.


Меси стигна до својата прва и ја предводеше Аргентина до трета титула на Светското првенство во декември 2022 година.

Напаѓачот постигна два гола во финалето за да и помогне на јужноамериканската нација да ја победи Франција со 4-2 на пенали на стадионот Лусаил.

36. годишникот исто така и помогна на Аргентина да ја победи Холандија, чии селектор беше токму Ван Гал, во четврт-финалето, постигнувајќи гол пред да ја одведе својата земја до победа од 4-3 на пенали.

Ван Гал, кој поднесе оставка од селекторската функција по испаѓањето на Холандија од Светското првенство.

„Не сакам да зборувам многу за тоа. Кога ќе видите како Аргентина ги постигна своите голови и како ние ги постигнавме нашите голови и како некои играчи на Аргентина ја минаа линијата и не беа казнети, тогаш мислам дека сето тоа беше однапред смислена игра“, рече Ван Гал.

Новинарот побара од него да појасни што точно мисли.

„Го мислам она што го кажувам“, додаде Холанѓанецот.

Новинарот уште еднаш праша дали целта била Меси да стане светски првак?

„Мислам дека да. Да“, заклучи Ван Гал.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK