Со победата против Австралиецот Алекс де Минаур (13. на светската листа) во осминафиналето на УС Опен, рускиот тенисер Даниил Медведев, третиот „рекет“ во светот, се пласираше на завршниот турнир во сезоната во Торино (12-19 ноември).
Пред него се пласираа двајцата лидери – Шпанецот Карлос Алкараз и неговиот прв вицешампион Новак Ѓоковиќ, минатогодишниот победник.

Медведев годинава оствари 53 победи (11 порази). Алкараз беше единствениот кој почесто победуваше – 57 пати (Ѓоковиќ 42).
Рускиот играч ги освои турнирите од Мастерс серијата во Мајами и Рим, како и во Ротердам, Доха и Дубаи во првата четвртина од сезоната.