Полицијата уапсила жена од Бугарија: била фатена додека крадела на автобуска постојка

Полицијата-уапсила-жена-од-Бугарија-била-фатена-додека-крадела-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска во 12.00 часот на автобуска постојка на бул. „Филип Втори Македонски“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар ја лишиле од слобода Ц.Б.(24) од Република Бугарија.


Таа била фатена при извршување кражба, при што од чанта на женско лице одзела паричник.

Кај неа, освен тој паричник, бил пронајден уште еден паричник со лични документи и пари на женско лице од Скопје.

Ц.Б. била задржана во полициска станица и поцелосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK