(Видео) Бурата Даниел стигна до Солун, драматично во Волос

Видео-Бурата-Даниел-стигна-до-Солун-драматично-во-Волос.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Еден човек загина во поплавите во Волос, централна Грција, откако бурата Даниел ја погоди Тесалија.



Пожарникарите биле повикани да спасат едно лице во Волос, но кога пристигнале пронашле мртов маж, објави „Катимерини“.

Според прогнозата на метеорологот, во тој дел на Грција се очекуваат врнежи од дожд во наредните 24 часа, а синоќа беше исклучително обилен во Волос и цела Тесалија.

Јавните и општинските служби во Волос и Тесалија денеска се затворени поради лошото време и поплавите. Во центарот на градот Волос поплавени се сите патишта, блокирани се стотина автомобили, а во прекин е и јавниот превоз.

Поплавено е и приморското одморалиште Милина, на југот на полуостровот Пелион, а во тој реон има и проблеми со снабдувањето со електрична енергија.

Водотекот Крафсидонас, кој минува низ Волос, ги надмина граничните нивоа на заштита од поплави за повеќе од три метри.

Невремето го зафати и Солун, а засега нема информации дека предизвикало некакви проблеми.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK