22-годишен германски турист ја оштетил познатата фонтана на Нептун во Фиренца додека се качувал на знаменитоста за да се фотографира. Градските власти соопштија дека младиот човек во неделата вечерта се качил на фонтаната за да се слика, но притоа скршил дел од мермерот на кочијата.
Questo turista ha pensato bene di salire sul Nettuno per un selfie. Per fortuna nessun danno, il sistema di allarme ha funzionato. Grazie alle telecamere del Comune è stato individuato e pagherà una multa salata. Contro il vandalismo sui beni culturali non ci sono giustificazioni pic.twitter.com/QVvBNYaygI
— Dario Nardella (@DarioNardella) September 4, 2023
Кога скокнал на коњот го оштетил и копитото. Штетата се проценува на 5.000 евра, а туристот се соочува со висока парична казна. Вандалот бил откриен со помош на надзорни камери. Градоначалникот на Фиренца, Дарио Нардела објави една од фотографиите од фејсбук профилот на младиот човек, со скриено лице.
„Нема оправдување за непристојноста и вандализмот кон културното наследство“, напиша градоначалникот.
Фонтаната датира од 16 век и темелно е реновирана во 2018 година.