(Видео) Тајфунот Хаикуи ја погоди Кина

Видео-Тајфунот-Хаикуи-ја-погоди-Кина.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Тајфунот Хаикуи утрово ја погоди Кина придружен со обилни дождови и силен ветер и предизвика значителни нарушувања на југот на земјата, објавија кинеските државни медиуми.


Во близина на градот Фужоу, противпожарно возило со осум лица паднало во река, јави кинеската државна телевизија. Три лица се спасени, пет се водат за исчезнати, а акцијата за спасување продолжува.

Јужните кинески провинции Фуџијан и Гуангдонг беа погодени од Хаикуи, единаесеттото именувано невреме годинава, објави државната новинска агенција Ксинхуа, цитирајќи ги локалните власти.

Училиштата и градинките останаа затворени во некои области како мерка на претпазливост. Метеоролозите во Гуангдонг очекуваа дека тајфунот ќе се движи позападно над копното и ќе ослабне, објави Ксинхуа.

Пред да удри во Кина, Хаикуи помина низ Тајван. Повеќе од 100 луѓе се повредени, а околу 260.000 домаќинства останаа без струја, соопшти тајванскиот центар за итни операции.

Кога невремето го премина Тајван во неделата и понеделникот, околу 8.000 жители беа принудени да ги напуштат своите домови, а 2.000 беа сместени во јавни засолништа за да се заштитат од силните ветрови и обилните врнежи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK