Времето денес ќе биде променливо облачно и ветровито со локален дожд, претежно во западните и јужните делови, каде е можна и појава на грмежи.
Ќе дува засилен североисточен ветер (на места со брзина над 70 км/час). Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 16, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени. UV=5, објави УХМР.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и ветровито со умерен до засилен североисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне 27 степени.
Во среда и четврток ќе има повеќе сончеви периоди и услови само за изолирана појава на краткотраен дожд. Потоа се очекува стабилно и потопло време.