По 17 дена пекол големиот шумски пожар во Грција постепено се намалува

pozar-grcija.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Големиот шумски пожар, кој за 17 дена опустоши огромни шумски површини во североисточна Грција, постепено стивнува, иако стотици пожарникари се’ уште се борат со жариштата, соопшти денеска грчката противпожарна служба.


Засилување беше испратено во текот на викендот на шумскиот пожар што гори во регионот на Еврос, во близина на границата со Турција, со што вкупниот број на пожарникари се искачи на 741. На теренот има и 124 возила и два авиони.

Во пожарот загинаа 20 лица, а се претпоставува дека сите жртви се мигранти кои неодамна ја преминале границата со Турција, пренесува „АП“.

До неделата изгореа повеќе од 93.000 хектари земја, покажуваат податоците на службата за итни случаи на ЕУ „Коперник“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK