„Бил голем колку чинија“ – Лекари на Нов Зеланд заборавиле инструмент во родилка по царски рез, 18 месеци била во болка

„Бил-голем-колку-чинија-–-Лекари-на-Нов-Зеланд-заборавиле.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Жена која трпела хронични болки 18 месеци по царски рез, имала хируршки инструмент со големина на чинија во стомакот. Во прашање е хируршкиот инструмент Alexis Retractor, или AVR, кој бил оставен кај жената по царски рез во градската болница во Окленд во 2020 година, пишува „Гардијан“.



По првичните истраги за случајот, поранешниот здравствен одбор во Окленд тврдеше дека немало никакво погрешно дело и дека пациентката, која имала 20 години, била добро згрижена. Во понеделникот, министерот за здравство на Нов Зеланд, Мораг Мекдауел, откри дека Одборот го прекршил кодот за правата на пациентите.

„Кога ќе се остави туѓ предмет кај пациент за време на операцијата, грижата паднала под соодветниот стандард. Ова никако не смее да се случи“, се наведува во нејзиниот извештај, додавајќи дека жената била подложена на закажан царски рез поради плацента превиа.

AVR, уред кој се користи за повлекување на рабовите на раната за време на операцијата, и бил оставен во стомакот по царскиот рез. Ова довело до тоа жената да страда од хронична стомачна болка додека уредот не бил случајно откриен на скенирање на абдоменот.

Екстра големиот AVR, „со големина на чинија за вечера“ и дизајниран да влече засеци до 17 сантиметри во дијаметар, не можел да се открие на рендген. На крајот бил отстранет од стомакот на жената во 2021 година, околу 18 месеци по првичната процедура и бројни посети кај нејзиниот матичен лекар. Во една прилика, таа имала толку многу болки што отишла на одделот за итни случаи во Градската болница во Оукленд, пишува Гардијан“.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK