(Видео)„Нема правда, нема мир“ се скандира пред Обвинителството, со црвена боја демонстрантите напишаа „Соучесници“

Видео„Нема-правда-нема-мир-се-скандира-пред-Обвинителството-со-црвена.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Нема правда, нема мир“, „Оставка“, „Убијци“, „Бесилка“, извикуваат демонстрантите кои се собраа пред Обвинителството, откако претходно беа пред владината зграда.


Демонстрантите на асфалтот пред Обвинителството напишаа „Соучесници“, додека претходно и пред Владата во стилот на „Шарената револуција“ со црвена боја осамна пораката „Убијци“, а беа оставени и отпечатоци од црвени дланки, алудирајќи на „крвави раце“.

Демонстрантите во еден момент почнаа и да пејат и „Народе македонски со какви идеи си ти, доста беше разбуди се, свести се не спиј ти“, по што запаллија и свеќи пред зградата на Обвинителството.

На транспарентите се испишани пораки: „Колку вреди човечкиот живот“, „Убијци“, „Монструми“, „Убивате за профит“, „Сите ќе си лежите“.

Протестот се случува откако беше објавено дека на пациентите на Клиниката за онкологија им биле давани физиолошки раствори, а скапите лекови против канцерогинете заболувања завршувале на црниот пазар.

Организаторите на протестот претходно најавија дека нема да прифатат одговорност само од најнискиот ешалон на Клиниката туку дека ќе бараат кривична одговорност за владините функционери.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK