На Нејмар очигледно не му недостасува животот во Париз, откако изјави дека „преживеале пекол“ со неговиот поранешен соиграч, Лионел Меси додека двајцата го носеа дресот на Пари Сен-Жермен.
Двајцата си заминаа од „Паркот на принцовите“ ова лето – Меси се приклучи на Интер Мајами во МЛС лигата по крајот на неговиот договор, додека Нејмар направи трансфер од 90 милиони евра во саудискиот Ал-Хилал. Во интервју за бразилскиот „Глобо еспорте“ дадено во јуни но објавено овој месец, Нејмар зборува за титулата од СП која ја освои Меси со Аргентина.
„Бев многу среќен за неговата година, но во исто време и многу тажен, бидејќи тој ја живееше и другата страна на паричката. Отиде до рајот со Аргентина, освои што можеше во последните години, а во Париз преживуваше пекол, и тој и јас“, вели Нејмар.
Меси и Нејмар освоија две француски титули со ПСЖ заено, но не успеаја да ја остварат главната цел, титула од Лигата на шампиони. Самиот Меси призна дека му било тешко да се адаптира на животот во Париз и додаде дека постоел „јаз“ помеѓу него и навивачите на клубот.
Меси и Нејмар беа исвиркувани од навивачите по елиминацијата во Лигата на шампионите последните две години, а ултрасите на ПСЖ неколку пати оваа сезона со транспаренти пратија погрдни пораки кон двајцата.
„Секако дека тоа не вознемируваше, бидејќи не бевме таму за да не правиме ништо, туку да го дадеме најдоброто, да бидеме шампиони, да се обидеме да напишеме историја. За жал, не успевме во тоа“, вели Нејмар.