МБУ од денес до 6 септември организатор на Меѓународниот конгрес за финансии, економија и одржливи политики – ICOFESP

ICOFESP 3
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Меѓународниот балкански универзитет (МБУ) од денес е домаќин на Меѓународниот конгрес за финансии, економија и одржливи политики – ICOFESP кој претставува платформа за експерти од областа на економијата каде ќе се дискутира за последните случувања на економски план. На Конференцијата, која ќе трае до 6 септември, учество ќе земат над 100 ценети членови на академската заедница од 16 земји, со лично присуство и онлајн.

Главни говорници на настанот ќе бидат проф. д-р Идрис Демир, ректор на Универзитетот Бетмен, проф. д-р Унал Чаглар, проректор на Универзитетот Киркларели, кои лично ќе присуствуваат на настанот што се одржува во кампусот на МБУ, како и проф. д-р Кенан Пекер, ректор на Универзитетот Мунзур, проф. д-р Наџи Чаглар, ректор на Техничкиот универзитет во Бурса, проф. д-р Хамдуллах Шевли, ректор на Универзитетот Ван Јузунџу Јил, проф. д-р Фахреттин Ѓокташ, ректор на Универзитетот Фират и проф. д-р Милен Балтов, ректор на Слободниот универзитет Бургас, кои ќе учествуваат онлајн.


„Согласно целите на Меѓународниот балкански универзитет за развој и стимулирање на научно-истражувачката дејност во општеството, Универзитетот секоја година е домаќин на меѓународни научни конференции кои имаат за цел да придонесат за размена на научни анализи и истражувања од разни области помеѓу домашниот академски кадар и експерти од меѓународен ранг. Во таа насока се организира и конгресот ICOFESP која очекуваме да  ја стимулира интеракцијата во областа на финансиите, економијата и развојот на политиките во сите овие области и да ја прикаже експертизата на поканетите говорници и учесници. Со оглед дека живееме во едно турбулентно кризно време во кое геополитичките случувања силно удрија глобално врз економиите на земјите во светот, при што особено се погодени недоволно развиените земји, сметаме дека научните гледишта и ставови на експертите од 16 земји кои учествуваат на Конгресот може да дадат многу одговори и да помогнат при креирање на економските политики и во нашата и во други земји“, велат од МБУ.

Меѓународниот балкански универзитет, освен што нуди висококвалитетна настава на англиски јазик, со организирање разни конгреси, симпозиуми и конференции секоја година, веќе е трансформиран во вистински научен центар. Заедно со својата академска извонредност, МБУ на своите студенти и вработени им нуди меѓународно искуство во образованието во околу 40 земји во светот. Меѓународниот балкански универзитет е двојно акредитирана институција – од страна на Одборот за акредитација на Северна Македонија и од Советот за високо образование на Турција.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK