Заев и Верушевски не се појавија како сведоци за масовното прислушкување

Заев-и-Верушевски-не-се-појавија-како-сведоци-за-масовното.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Екс премиерот Зоран Заев и поранешниот разузнавач Зоран Верушевски денеска не се појавија во својство на сведоци во судницата на Кривичниот суд.


Тие не се соочија со прашањата на обвинителот Артан Ајро и со обвинетите, екс директорот на УБК Сашо Мијалков, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, како и другите обвинети во случајот „Таргет-тврдина“, кој ја тресеше Македонија.

Токму Зоран Заев на прес-конференции секојдневно објавуваше „бомби“ од прислушуваните разговори, а според изјавите Зоран Верушевски ги обезбеди како докази.

„Бомбите“ на Заев, како што ги нарекуваа тогаш, ги изведоа луѓето на улица и беше причина за формирањето на Специјалното јавно обвинителство.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK