Одговорните да излезат пред лицето на правдата и да не се линчува целиот медицински персонал, порачуваат од ДУИ за Онкологија

Одговорните-да-излезат-пред-лицето-на-правдата-и-да-не.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Демократската унија за интеграција со голема загриженост ги следи случувањата околу сомнителните злоупотреби на Клиниката за онкологија, велат од оваа партија.



Демократската унија за интеграција бара надлежните институции, особено обвинителството итно и темелно да ги истражат сите наводи за сериозна злоупотреба на животот и здравјето на пациентите.

„ДУИ целосно ја поддржува акцијата спроведена пред неколку дена од страна на МВР и Обвинителството и ги повикува институциите да спроведуваат вакви истраги во клиниките и другите институции. Овие тврдења вклучуваат луѓе инволвирани низ годините и меѓу администрациите, затоа политичките партии треба да се држат настрана од истрагите и да не ги компромитираат, туку да ги поддржуваат без резерва“, се истакнува во соопштението од ДУИ.

Демократската унија за интеграција бара одговорните лица да излезат пред лицето на правдата и да не се злоупотребуваат за политички цели во време кога државата е исправена пред уште еден важен предизвик.

И ДУИ апелира да не се линчува целиот медицински персонал кој секојдневно е на должност и спасува животи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK