Четириесетгодишната тетовка Д.М.С., вчеравечер во 23 часот и 30 минути во СВР Тетово пријавила дека околу 10 часот на улица „Борис Кидрич“ во Тетово нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник, извести СВР Тетово.
– Според пријавеното, напаѓачот користел и остар предмет со кој му нанел повреда, додаваат од СВР Тетово.
Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.