ВМРО-ДПМНЕ: Зборуваат за европски вредности а кампањата платена со владини народни пари ја пренесуваат на партиски канал

vmro-sdsm-1024x683.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

СДС и Ковачевски поради нервозата и очајот влегуваат од грешка во грешка, велат од ВМРО-ДПМНЕ.



“Впрочем денешната трибина на кои тие се прикажуваат како Европа, платена со народни пари, се пренесува на фејсбук профилот на партијата СДС. Ова ли е Европа која ја пропагира СДС и Ковачевски? Апсурд, неевропската и корумпирана влада, зборува за Европа и Европски вредности, а на првиот чекор ги крши.

Очигледно за СДС е исто Владата и партијата. Очигледно народните пари од буџетот се користат за партиска промоција, и тоа не за народот, туку за своите партиски членови кои се разочараа од нивните лаги кои со години ги кажуваат и ништо не прават“, реагираат од опозициската партија.

Оваа кампања на СДС, како што велат, се сведе на мотивирање на своето членство пред избори, но судејќи според составот во Струмица изгледа не успеале ни своите највидни членови да ги мотивираат да им дојдат на апсурдната трибина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK