Вучиќ за Курти: Намерата му е да ги уапси сите што се способни да го бранат северот на Косово, нема да помине така лесно како што замислил

vucik.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека апсењата на северот на Косово ќе продолжат, бидејќи намерата на Албин Курти е да ги уапси сите што се способни да го бранат северот на Косово.



„Намерата на Курти е да ги уапси сите оние за кои мисли дека се способни да го бранат северот на Косово, за да не може да го протера народот или да го окупира северот на Косово. Ни претстои тежок период, но нема да му биде лесно како што замислил“, рече Вучиќ.

Српските медиуми потсетуваат дека Александар Алагиќ, спортистот кој од апсењето на Милун Миленковиќ го води кик бокс клубот во Северна Митровица, вчера беше приведен на информативен разговор кај мостот Бистрица.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK