Стотици мигранти пристигнаа во Грција преку Турција

migranti
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Повеќе од 400 мигранти со брод од Турција стигнаа до грчките острови во Егејското Море за помалку од два дена, соопштија грчките власти, меѓу кои и 51 лице кои стигнале до луксузното летувалиште Миконос.

Моторната јахта која во средата превезуваше 42 мажи, осум жени и едно дете на Миконос беше запрена неколку часа подоцна кај островот Патмос во источниот дел на Егејското Море.


После тоа, тројца мажи се уапсени под сомнение дека припаѓаат на група за криумчарење мигранти со седиште во соседна Турција, пренесува Танјуг, повикувајќи се на АП.

Најчесто доаѓаат по море
Триесет мигранти, меѓу кои шест деца, беа пронајдени во средата на брегот на Евија, остров во близина на грчкото копно, на кој неодамна забележан е пораст на мигранти и покрај тоа што е релативно далеку од Турција.

Мигрантите рекоа дека биле донесени со глисер кој се упатил назад кон Турција.

Од среда наутро во Грција пристигнале 439 мигранти.

Според Обединетите нации, повеќе од 17.300 луѓе стигнале до Грција, главно по морски пат.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK