Во Сингапур се одржуваат претседателски избори – први по повеќе од една деценија

singapur izbori
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Сингапур денеска се одржуваат претседателски избори, први по повеќе од една деценија во островскиот град-држава во Југоисточна Азија.

Иако функцијата на претседателот е главно церемонијална, шефот на државата ги надгледува финансиските резерви, може да стави вето на одредени мерки и одобрува антикорупциски истраги.


Претседателката во заминување Халима Јакоб беше единствениот претседателски кандидат во 2017 година.

Премиер на Сингапур е Ли Хсиен Лонг, од Партијата за народна акција, која е на власт од 1959 година.

Шефот на државата не смее да припаѓа на ниту една партија.

Изборите би можеле да бидат показател за поддршка на Партијата за народна акција пред општите избори закажани за 2025 година, особено по неодамнешните скандали во земјата – оставката на министерот за транспорт поради истрагата за корупција и оставката на двајца парламентарци поради „несоодветни“ афери. .

Фаворит на денешните избори е поранешниот вицепремиер и шеф на централната банка Тарман Шанмугаратнам .

Во согласност со законот тој ја напушти владејачката партија пред да се кандидира за претседател.

Негови ривали се 75-годишниот Нг Кок Сонг, поранешен директор на еден од најголемите државни фондови што управува со девизните резерви на Сингапур, и бизнисменот Тан Кин Лиан, исто така 75-годишен и поранешен извршен директор на осигурителен гигант.

Гласањето во Сингапур е задолжително за повеќе од 2,7 милиони граѓани со право на глас.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK