Неколку патни тунели се поплавени, а трамвајскиот сообраќај е во прекин откако утринава силен дожд го зафати Брисел, јави новинската агенција Белга.
Два тунели, еден во центарот на градот и еден на југ, беа затворени поради поплави. Третиот тунел, кој е дел од централната обиколница на главниот град на Белгија, е привремено затворен.
Non ceci n’est pas une fiction! Ça se passe à #Bruxelles. La nature nous rappelle « doucement » à l’ordre … pic.twitter.com/hI4juGcpZ3
— Bashi Wendy (@WenBash) September 1, 2023
Во прекин е и трамвајскиот сообраќај на североистокот на градот. Белгискиот кралски метеоролошки институт (IRM) издаде предупредување за обилни дождови за речиси целата земја.