Мицкоски: Растот на БДП ќе биде меѓу 3,5 и 4 отсто, очекуваме една од најниските инфлации во регионот и во Европа


fa9d86ac-dd75-05b9-5ace-ff373f966b1c.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Растот на БДП ќе биде меѓу 3,5 и 4 отсто, очекуваме една од најниските инфлации во регионот, изјави премиерот, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на вчерашната средба со претставниците на Светска банка и извештајот што тие го подготвија за Македонија.


„Да, вчера имав состаноци со претставници на Светска банка коишто се одговорни за нас како држава, за Македонија. Она коешто охрабрува е фактот дека ние сме единствената земја во регионот каде што нивелирањето, односно усогласувањето на проценката за раст е во позитивна насока. Односно, ја започнавме годината со 2,6% раст на бруто-домашниот производ, па потоа се нивелираше на 2,9%, за вчера да излезе на 3,2%. Иако јас сум убеден дека оваа година растот на бруто-домашниот производ ќе биде меѓу 3,5% и 4%, бидејќи во првото полугодие досега е 3,7%, по 3,1% во првиот квартал и 4,3% во вториот квартал. И очекувам да бидеме земја којашто ќе има, ако не најниска, меѓу најниските 2–3 инфлации во регионот и во Европа. И ако не највисок, тогаш меѓу првите пет со највисок пораст на бруто-домашниот производ во регионот и во Европа“, рече Мицкоски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK