(Видео) Уапсен ултранационалистички воен блогер во Москва

1693559539_unnamed-file.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Руски воен блогер кој често го критикуваше начинот на кој се врши инвазијата на Украина е уапсен во Москва, јавува државната новинска агенција.


„Покрената е кривична постапка против администраторот на каналот „Москва колинг телеграм“, Андреј Куршин, поради ширење лажни вести за руската армија“, објави РИА Новости.

Набргу по инвазијата на Украина, Русија воведе строги казни за ширење лажни информации за воени активности. Каналот „Москва колинг“ има околу 87.000 следбеници. Институтот за проучување на војната (ISW) наведува дека Куршин е ултранационалист кој обично напаѓа различни аспекти на руското водење на војната во Украина, но ги поддржува и ултранационалистичките цели зад самиот конфликт.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK