Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска разговараше со украинскиот амбасадор Володимир Толкач, кому му го пренесе ставот на Србија за прашањето за неповредливоста на границите и почитувањето на Повелбата на Обединетите нации, нагласувајќи дека Србија го почитува територијалниот интегритет на Украина и ќе продолжи да го прави тоа во иднина.
Искрен и отворен разговор со амбасадорот Толкач за билатералната соработка, за подобрување на севкупните односи на нашите земји, за регионалните и светските прашања, како и за ситуацијата во Украина, објави Вучиќ на Инстаграм профилот .
Минатата недела Вучиќ во Атина се сретна со претседателот на Украина Володимир Зеленски и по разговорот со него рече дека двете земји го почитуваат територијалниот интегритет на другата земја.