Светскиот рекет број 7, Стефанос Циципас стана прва вистинска „жртва“ во второто коло на САД опен, откако Гркот по маратон од пет сета загуби со 7:5/6:7(2)/6:7(6)/7:6(6)/6:3 од светкиот број 128, Швајцарецот Доминик Штрикер.
21-годишниот Швајцарец помина низ квалификациите за првпат во кариерата да игра на главниот турнир во Њујорк, каде што во првото коло го совлада светскиот број 41., Алексеј Попирин. Тој започна одлично, и со еден брејк го освои првиот сет, по што 25-годишниот Циципас се врати во игра со два тесно добиени сета во тај-брејк.
Во четвртиот сет, Циципас сервираше за победа при 5:3, но Штрикер тогаш врати со брејк, за потоа во тај-брејкот да се врати од 4:5 за 8:6 и осигурување на петти сет. Во одлучувачкиот сет, тој доби ран брејк и стигна до својата прва победа над топ 10 тенисер.
За Циципас ова е продолжување на лошата серија, откако загуби и во четвртото коло на Вимблдон, откако претходно го играше своето второ гренд слем финале на Австралија опен во Мелбурн.
More than four hours later…
Soak it all in 🇨🇭 Dominic Stricker! pic.twitter.com/DlxdUZin6h
— US Open Tennis (@usopen) August 30, 2023