Романија и Холандија формираат центар за обука за украинските пилоти Ф-16

piloti
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Романија и Холандија потпишаа писмо со намери за формирање база за обука на украинските пилоти за управување со авиони Ф-16 и одржување на овие авиони во еден од центрите за обука во Романија, што ќе биде придонес на тие земји за зајакнување на воздухопловството на Украина, изјави холандската министерка за одбрана Кајса Олонгрен во Толедо пред неформалниот состанок на министрите за одбрана на Европската унија.

Таа вели дека е исклучително важно Холандија да продолжи да го демонстрира своето единство и поддршка за Украина во нејзината борба „против руската агресија“.


„Во вторникот, Холандија и Романија потпишаа писмо со намери да обезбедат обука и одржување на Ф-16 во центарот за обука во Романија. Ова е конкретен чекор кон зајакнување на воздушната одбрана на Украина од страна на две европски земји“, соопштија Холандскиот министер, пренесува „Укринформ“.

Таа забележува дека европските претставници ќе разговараат и за начините за зајакнување на европската одбрана и заедничката работа во рамките на Стратегискиот компас на ЕУ, за кој земјите-членки се договорија пред повеќе од една година.

Во Шпанија започна состанокот на министрите за одбрана на ЕУ, а главни теми се продолжувањето на воената помош за Украина и ситуацијата во африканскиот регион Сахел.

Дискусијата за овие теми и за други меѓународни безбедносни прашања ќе продолжи утре за време на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ, кој ќе се одржи и во Толедо, Шпанија, која од 1 јули го презеде претседавањето со Европската унија.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK