„Како на мало девојче да му кажат дека здолништето ти е предолго, пресоблечи се, а потоа велат – а сега е прекратко“: Брнабиќ за членството во ЕУ

Beta-nh7nga65jy-scaled-e1579365340303-678x382-e1588758385887.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави денеска на Бледскиот стратешки форум дека Србија чека членство повеќе од 20 години и дека луѓето се уморни, бидејќи што и да прават не е доволно добро, но дека никој на Западен Балкан нема подобар опција од Европската унија.


Таа посочи дека Северна Македонија го сменила името и дека сè уште има потешкотии да добие датум за почеток на преговорите, а Србија се уште е во преговори и 10 години од почетокот на преговорите.

Датумот за почеток на преговори значи многу за Западен Балкан, но не и за Европската Унија, рече Ана Брнабиќ и додаде дека ЕУ гледа на Западен Балкан како што и да направи да не е доволно добро.

„Исто како на мало девојче да му кажеш дека здолништето ти е предолго, пресоблечи се, а потоа велат а сега е прекратко, пресоблечи се, сега ти се долги ракавите. Навистина не знаеш што да правиш, луѓето се уморуваат“, изјави Брнабиќ.

Таа посочи дека никој на Западен Балкан нема подобра опција или план Б, бидејќи станува збор за европски земји, кои се во средината на ЕУ.

„Добро кажа албанскиот премиер Еди Рама – не се работи за проширување, туку за потполнување, ние сме опкружени со ЕУ. Нашите работни места доаѓаат од компании од ЕУ, инвестициите се од ЕУ, извезуваме или во ЕУ или во регионот. Би било добро за нас, но и за ЕУ, конечно да го направиме тој последен чекор, да го прифатиме Западен Балкан“, рече Брнабиќ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK