Почна вечерната богослужба во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ на Матка

matka-3.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Почна вечерната богослужба во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ на Матка.


Дваесетина минути пред полноќ, односно во 23:40 ќе започне сеноќното бдеење.

Утре по повод празникот Успение на Пресвета Богородица, во народот познат како Голема Богородица, со почеток во 08.30 часот ќе се одржи Света Божествена литургија со која ќе чиноначалствува поглаварот на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан.

Традиционално на денот на празникот во дворот на манастирот се одржува крводарителска акција.

-Ќе ни биде драго заедно со вас да и оддадеме почит и благодарност на нашата мајка и заштитничка – Пресвета Богородица која вистински не закрилува нас сите и заеднички достојно да го прославиме Нејзиното Успение, се вели во поканата за одбележување на празникот од сестринството на манастирот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK