Пожарот во Ајватовци се разгоре на два крака, информира директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.
Поради тоа ќе се вклучи и вториот хеликоптер на МВР.
Пожарот избувна вчера и се гаснеше непрекинато во текот на целата ноќ од страна на скопските пожарникари и доброволци од локалното население предводени од градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски.
Утринава беше локализиран, но пред неполн час, повторно се разгоре.