Италијанската метеоролошка служба издаде предупредување за циклонот Реа, кој носи неповолни временски услови во централните и северните региони.
По синоќешното невреме што го зафати Милано и денеска се најавени изобилни дождови.
Во Германија пак, невремето проследено со силен ветер урна шатор. Триесетина луѓе се повредени.
Во административниот регион Швабен оштетени се згради и автомобили од паднатите дрвја. Некои патишта беа затворени.